(Видео) Иранската државна агенција објави снимка од спасувачите кои ги носат телата на загинатите во хеликоптерската несреќа > Опсервер

(Видео) Иранската државна агенција објави снимка од спасувачите кои ги носат телата на загинатите во хеликоптерската несреќа

nesrekja-iran.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Иранската државна агенција објави видео на кое се гледа како спасувачите ги носат телата на загинатите во хеликоптерската несреќа.

Да потсетиме, меѓу жртвите е и претседателот на Иран, Ебрахим Раиси.

На видеата се гледа како спасувачите на носилки, низ густа шума, носат тело покриено со ќебе.

Не се знае дали се работи за телото на претседателот Раиси.

Претходно беше најавено дека телата на жртвите ќе бидат пренесени во градот Табриз.

Според неименувани официјални лица, некои тела биле изгорени до непрепознатливост.

Покрај Раиси, во хеликоптерската несреќа загина и министерот за надворешни работи Хосеин Амир Абдолахиан.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK